Групата на Веља неволја во изнајмени викендици кај Лозница ги мачела и убивала киднапираните жртви.

Тие ги мачеле до таа мера што им ги сечеле главите и јазиците и со киселина ги уништувале телата за да се прикријат сите докази.

Тоа биле т.н „штек“ куќи кои служеле за киднапирање и убивање. Екипата на Веља како спомен чувала само по некоја коска од жртвите. Мештаните пак велат не забележале ништо невообичаено или пак звук на жртвите.