Синоќа во Драч имало уште еден потрес па тоа внесе дополнителна вознемиреност кај жителите. Некои од нив, посебно оние што живеат во стамбените згради ноќта ја минале под ведро небо.

Велат, не сакаат да им се повтори она што го преживеале вчера околу 16 часот кога силен земјотрес им ги распукал ѕидовите и сите предмети во домот почнале да паѓаат. Најисплашени биле децата и постарите кои веднаш истрчале надвор.

Среќа е велат тие што нема човечки жртви но има многу повредени.Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу ги посети повредените од денешниот земјотрес кои се хоспитализирани во болница во Тирана.Вкупно 68 лица добиле медицинска помош но ниту еден не е во животна опасност.