Свадба на векот.Вака медиумите во регионот ја опишуваат свадбата на синот на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Блажо и Милена се заколнаа на вечна љубов пред 440 гости на Кралската плажа.Таткото Мило не штедеше за синот единец и на веселбата се беше луксузно, од вип гостите до првокласните јадења.

Невестата избра долга венчаница во која доаѓаше до израз нејзината витка линија, а елегантно беа дотерани и родителите на младенциите кои ги дочекуваа гостите.

На свадбата им пееше снаата на Лепа Брена Александара Пријовиќ, Аца Пејовиќ , Милица Павловиќ и Хари Мата Хари.