Информацијата за порталот „kallxo.com“ ја потврди заменикот јавен обвинител во Основното обвинителство во Приштина Ибрахим Бериша, најавувајчи дека во моментов може само да каже дека во зградата на Агенцијата е извршено убиство и дека обвинител е излезен на местото на настанот. Подетални информации Бериша најави за подоцна во текот на денот.

Убиството го потврдија и извори од Универзитатскиот клинички центар, од каде што информираа дека таму е однесено лице од АКИ, кое им подлегнало на повредите.

За сега нема други информации за настанот.