Воен персонал од Турција почна со обука во Русија за ракување со ракетните системи С-400, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.

Припадници на Воено воздухопловните сили почнаа со обука во рускиот град Гачина за управување со противракетни системи за одбрана С-400, објави Министерството на својот профил на Твитер.

Шефот на воената компанија „Алмаз-Антеј“, Јан Новиков порано изјави дека обуката на турскиот персонал ќе трае до 2 јануари 2020 година.

На 27 август Русија започна да ја испорачува втората транша С-400 во Турција која ќе заврши до крајот на септември.