Турција откри која единица ќе го има рускиот ракетен систем „С-400“ кој неодамна беше набавен. Тоа ќе биде дивизијата „Зафер“ која значи победник.

Нејзина главна задача ќе биде заштита на воздушниот простор во најголемите турски градови во радиус до 400 километри.

Турскиот претседател Ердоган се изјасни дека „С-400“ е најмоќниот одбрамбен систем на светот.