Четворица Албанци се пронајдени во Дарбиј при обид да влезат во Велика Британија врзани во картонски кутии во гепекот на комбето во кое се возеле, пишува „Дејли Мејл“

Тие за да влезат во Велика Британија на шоферот му платиле по 700 евра. Тие биле откриени во моментот кога граничната полиција побарала од возачот кој возел на релација Франкфурт-Дарбиј да ги отвори шесте картонски кутии кои биле залепени со лента.