Во текот на минатиот месец јуни, бројот на невработени во Турција е зголемен за околу 333.000 луѓе со што вкупната бројка изнесува 4.417.000.

Според податоците на Службата за вработување, растот на невработеноста во Турција достигнал рекорд на сите времиња.

Во споредба со кризата од 2009 година, бројот на невработените е поголем за трипати. Причина за невработеноста е силниот пад на економијата во текот на последната година.