Испораката на рускиот систем С-400 би можело да биде одложена по јуни, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Ова колебање на Анкара, се поврзува со се поголемиот притисок од страна на САД. Вашингтон минатата недела и даде на Турција рок од две недели да го раскинат договорот со Русија околу купувањето на напредниот противвоздушен систем.
Патриот или С-400?
САД ја наговара Турција да го купи ракетниот систем „Патриот“ наместо С-400 од Москва, тврдејќи дека рускиот систем бил неспоив со системот на НАТО. Турција одговори дека С-400 нема да биде интегриран во НАТО системот, но и дека нема да претставува закана за сојузот.
САД дополнително се закани дека ќе ја исклучи Турција, која е вклучена во развојот и производството на најмодерниот ловец Ф-35.
Разместувањето на системот за противвоздушна одрана можеби нема да биде во јуни, но ќе стигне во следните месеци. Процесот започна“, изјави министерот за одбрана Хулуси Акар на 27 мај во интервју за ХуберТурк.
Министерот рече дека Анкара се уште ги разгледува можните локации за распоредување на системот С-400.
За мерките што Турција ќе ги преземе во случај на можни санкции од страна на САД во врска со набавката на системот, Акар рече дека одбива да коментира „претпоставки“.
Ние ги спроведуваме активностите на начин кој во целост ќе ги исполни нашите потреби“, изјави Акар, додавајќи дека Турција на Вашингтон му ги платила авионите Ф-35, како и обуката на пилоти и механичари.
Акар рече дека четири борбени авиони Ф-35 веќе се наоѓаат во Турција.
Во моментов се спроведува обука на четворица пилоти. Инженерите и механичарите ја поминаа обуката за одржување и тие веќе се вратија во Турција, велејќи дека неодамна се обучени 37 луѓе.
Comments are closed for this post.