Непознат човек направил инцидент во Нов Белград, покажувајќи албански симбол и пцуејќи го српскиот народ.

Како што пишува „новости“, човекот со рацете го покажувал симболот на двоглав орел, по што со пцовки и навреди за Србите влегол во расправија со присутните. Инцидентот се случил синоќа во една пекарница, а целата ситуација останала само на вербален судир. Како што пишува весникот, полицијата интензивно трага по непознатиот човек.

Момчето влезе во нашата продавница и нарача пециво. Вработената го послжи и во тој момент тој со рацете го покажа албанскиот симбол. Почна да вика дека ќе ги уништи и убие и дека Косово е република – изјавила сопственичката на пекарницата, В.Т.

Според нејзините зборови, продавачката не дозволила да остане на тоа и влегла во расправија со него. Се траело околу пет минути, по што човекот излегол, а продавачката повикала полиција.

Објектот има безбедносни камери што го забележиле целиот инцидент, а на снимките се гледа крупен човек, висок околу 180 центиметри на повеќе од 30-годишна возраст.