Штотуку добив информација дека пратеници од „Има таков народ“ ќе ја напуштат нашата пратеничка група. И ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари. Ќе се види на крајот кој каков е и што ќе биде.

Ова го изјави Слави Трифонов на својот Фејсбук профил.

„Нема потреба да бидам гатач за да знам дека Кирил и Асен во нивен стил ќе кажат многу лаги и измислици само за да ги оправдаат своите постапки и да ја смират својата грижа на совест“, рече Трифонов.

„Но, предавството е предавство и никој не ги сака предавниците. Дури и оние кои имаат корист од нив. На крајот на краиштата, можеби за мене моќта не е цел сама по себе, но за другите тоа е очигледно. Треба наутро да се погледнат во огледало. Тоа е живот. Вистината е дека се срамам од целата оваа приказна, но и ми олесни. Затоа што во битката е подобро да имаш до себе пријатели отколку предавници“, додаде Трифонов.