На една седмица пред Самитот на НАТО во 2008 година, додека била во Љубљана поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани примила повик од Кондолиза Рајс, кој не поминал во најдобра клима поради Македонија.

Ми се јавува Кондолиза, не ми вели здраво, како си, веднаш ми вели: „Имаме проблем“. Ѝ велам: „Да, голем“. Ми вели: „Знаеш, треба да прифатиш да влезат под името ФИРОМ“. Се наоѓаме една седмица пред Букурешт, не може да продолжат разговорите, не постои договор со Скопје. Ми вели: „Ќе го прифатиш“. Ѝ велам: „Само преку мене мртва“. Ми вели: „Не ме разбра“. Ѝ велам: „Што не разбрав?“. Ми вели: „Претседателот ќе биде многу вознемирен“. Ѝ велам: „Нема да биде ни прв ни последен пат претседателот да биде вознемирен“. Како што сфаќате овој разговор не помина многу добро. И бидејќи не помина добро и се изнервирав, реков нешто за што се каам. Ѝ реков: „Јас и ти имаме една разлика. Ти си поставена од претседателот, што значи одговараш пред претседателот, Јас сум избрана и одговарам пред народот“. И го завршивме разговорот, раскажа Бакојани.