Немања Митровиќ (19) од Бабин Мост кај Обилиќ доцна синоќа бил избоден со нож во пределот на рамото и во пределот на вратот од локално албанско семејство кое подолго време ги малтретирало, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.

Заедно со Немања, во рацете и стомакот бил расечен и неговиот татко Саша, кој се обидел да го одбрани синот.

Според очевидци, Немања бил пресретнат од напаѓачите на улица, а семејството Шабани веќе го нападнало помладиот, малолетен син на Митровиќ.