Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по одлуката на Уставниот суд за неуставноста на формирањето на делегација за дијалог со Белград, повика на политичко единство во дијалогот со Србија.

Тачи на Фејсбук објави дека „во согласност со Уставот и политичката волја, лидерите на институциите, политичките лидери на сите субјекти треба да бидат обединети во процесот на дијалог како би се постигнал мировен договор“, според кој, како што истакна „отвора перспектива за интеграција на Косово и ставање крај на изолацијата и стагнацијата“.

„Косово, независно и интегрирано во ЕУ, НАТО и ОН, во мир и добрососедски односи, наша е должност пред новите генерации, кои не би требало да растат со меѓуетнича нетрпеливост и со многу од тоа што го имавме“, пишува Тачи на својот Фејсбук.