Судот во Шпанија ја одобри екстрадицијата во Србија на Милинко Брашњовиќ, кој е осомничен дека е еден од директните извршители на убиствата во Атина на Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ во 2020 година.
Стаматовиќ и Дедовиќ биле членови на Шкаљарскиот клан, а Брашновиќ на Кавачкиот.
Милинко Брашњевиќ беше уапсен во Шпанија на крајот на февруари, а е осомничен дека учествувал во убиствата на Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ во Атина и Алан Кожар и Дамир Хаџиќ на Крф во 2020 година.
За нас, Стаматовиќ и Дедовиќ се важни дека тие поседуваа македонски пасош и со него влегле во Грција.Дедовиќ и Стаматовиќ беа изрешетани во еден ресторан додека седеа со свои сопруги и децата. Напаѓачите точно знаеле за нивната локација бидејќи сопругите се чекирале на Фејсбук.
Comments are closed for this post.