Помали судири се случија утрово во центарот на Атина, непосредно пред крајот на собирот на студенти, кога група непознати лица ја нападнале полицијата на авенијата Амалиас.

Тие фрлале молотови коктели и други предмети кон полицијата, која што се бранела со употреба на солзавец. Напнатоста во таа областа сега е намалена, пренесе агенцијата АНА.

Пред инцидентот се одржал собир на ученици коишто барале од Владата да ги преземе сите потребни мерки за безбедноста на учениците и наставниците во училиштата поради пандемијата на коронавирус.Меѓу другото, тие побарале да се намали бројот на ученици во еден клас на 15 и дополнително да се вработат наставници и хигиеничари.