За Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Софија, а на кој ќе копретседаваат Бугарија и Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција посочи дека тоа претставува историски настан сам по себе и дека тој отвора шанси за нови перспективи за Западен Балкан.

Утре во Скопје започнува и министерскиот состанок за внатрешни работи кој исто ќе се одржи со копретседавање на Македонија и Бугарија на кој се очекува да се иницира идејата за движење со лични карти меѓу сите шест земји на Западен Балкан, кое ќе овозможи полесна комуникација на регионот.

Со оглед на тоа дека македонските граѓани само со лична карта можат да патуваат во Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и БиХ, ова значи дека останува уште да се приклучи и Бугарија.