Косовскиот проблем би можел да биде решен следниот месец во Париз.Тогаш на иста маса ќе седнат двајцата претседатели Александар Вучиќ и Хашим Тачи под покровителство на Емануел Макрон и Ангела Меркел.

Преговорите меѓу Белград и Приштина сега практичо се прекинати, а сѐ погласно се говори за промена на границите што е неприфатливо за косовската страна.Белград пак стравува од најавите за формирање на војска на Косово што пак не е во согласнот на резолуцијата 1244 на ОН.

Ваквиот развој на настаните многу наликува на преговорите во 1999 година во Рамбује меѓу тогашните претседатели Слободан Милошевиќ и Ибрахим Ругова кои беа неуспешни што беше искористено како повод за бомбардирањето од страна на НАТО.