НАТО нема да се повлече од базата Бондстил и ќе ги заштити сите граѓани на Косово, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг.

Тука сме да ги заштитиме сите луѓе вклучувајќи ја српската заедница“ рече Столтенберг и истакна дека НАТО нема планови да го смали присуството на војската во Косово.

На прашање како гледа на НАТО бомбардирањето на СРЈ, две децении подоцна, Столтенберг наведе дека задачата на алијансата била да се прекине војната и хуманитарна катастрофа, но и да се избегнат цивилни жртви.

Секоја загуба на цивилни животи е голема трагедија“, кажа Столтенберг и додаде дека бомбардирањето и денеска е болна и тешка тема.

Кажа и дека не очекува од Србија да го заборави минатото, но и дека би требало да гледаат во иднината и можностите за соработка.

Европа е полна со земји кои имаат комплицирано минато, но пронајдоа начин заеднички да напредуваат и да заминат во иднината, рече секретарот на алијансата и го навде примерот на Шведска и Норвешка, Франција и Германија.

Како што кажа, НАТО го почитува ставот на Србија што не сака да биде дел од алијансата и да остане неутрална, но исто така почитува што Србија сака да биде партнер на НАТО во борба против тероризмот, поплави и слично.