Американскиот Стејт департмен ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Црна Гора поради пандемијата со Ковид-19.

Во предупредувањето, од највисокиот четврти степен, се наведува дека граѓаните кои ќе патуваат во Црна Гора можат да се соочат со затворање на границите и аеродромите, забрана за патување, наредби да не го нашутаат домот, затворање на бизнисите и други вонредни услови поради Ковид-19.

Во соопштението објавено на официјалната интернет-страница, се наведува дека Стејт департментот редовно ги проценува и менува препораките за меѓународните патувања врз осноба на информации на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и моменталните услови во земјите.

ЦДЦ предупредува дека граѓаните трена да ги избегнуваат сите патувања во Црна Гора бидејќи со тоа би го зголемиле ризикот да се заразат и да го шират Ковид-19.