ВМРО-БНД ќе им предложи на сите политички партии повелба за Македонија, што ќе има за цел постигнување национален консензус за западниот сосед, пишуваат софиски 24 часа.

-Бугарските граѓани треба да знаат кој ги штити националните интереси и кој делува како петта колона во странски држави, вели пратеникот Милан Михов од редовите на ВМРО во партиската декларација.

Европратеникот од ДПС бил во посета на Скопје и треба да поднесе извештај, што ќе треба да се гласа во Комисијата за надворешни работи на ЕП, продолжува Михов и додава дека македонскиот премиер Зоран Заев ја одредил ДПС како единствена партија, која има поумерен курс кон Скопје.

-Овие зборови не можат да не предизвикаат тревога кај бугарските патриоти. Што значи изјавата на Ќучук дека прашањата треба да се уредат со двострани услови. Значи ли тоа дека РСМ може да го постави прашањето за бугарската фашистичка окупација пред ЕУ и да бара обесштетување за тоа, нешто што последниве месеци нашироко се лансира во Скопје, изјави тој и додаде дека изјавите на европратеникот од ДПС ја торпедираат бугарската позиција и работат за странски интереси, со што „се прави обид да се погребаат активностите на десетици револуционери во последните 135 години“.