Србија недоволно или бавно напредува во процесот на пристапни преговори со Европската унија и можно е годинава повеќе да не отвори ниту едно ново поглавје за преговори, иако се очекува за нaредниот месец на меѓународна конференција да отвори дури три. Според дипломатски извори, како што пренесува „Јутарњи“, Србија многу доцни во реформите во правосудството, а нема напредок ниту во нормализацијата на односите со Косово.

Извори во ЕУ истакнуваат дека иако фромално правосудството (поглавјето 23) и нормализација на односите со Косово (35) се главни критериуми, сепак, за Брисел е многу важно исполнувањето на сите услови од кои зависи натомошниот напредок кон ЕУ.

Во бриселскиот „нон-пејпер“ се наведува дека Србија забележува „значително заостанување во реформите на правосудството, вклучително и судењата на воените злосторства, потоа борбата со корупцијата и слободата на медиумитем каде е тешко да се видат опипливи резултати“.

Една од црните точки на Белград е односот кон Хашкиот суд кој сега го претставуваат „Механизмот за меѓународни казнени судови“, при што се наведува дека Србија во последните три години не прави ништо за исопрачување лица кои се обвинето за непочќитување на тој суд. Притоа, Србија се повикува во целост да сорабоува со тој суд.

Во „нон-пејперот“ се подвлекува дека има загриженост заради „застрашувања и закани кон новинари“ и дека казните за такви дела во Србија се ретки.

„Често во Србија се толерира говор на омраза во медиумите и од страна на надлежните не се постапува за спречување на таквата пракса“, се наведува во неофицијалниот документ, кој циркулира во дипломатските кругови во Брисел.

За Брисел посебен проблем претставува визната либерализација која како политика на лобирање ја спроведува конј одрдени земји, за кои, пак, ЕУ има визен режим. Тоа е оценето дека нее во склад со единствени европски политики, а пртиоа се подвлекува периодот кога Белград ги укина визите за Иран, птри што се наведува дека околу 10.000 Иранци дошле во Срвбија, а потоа заминале во трети земји. Ова Белград го споведива како начин да го блокира меѓународното признавање на Косово од што повеќе земји.

Проширувањето во слоу моушн

Во моментов преговори за челенство во ЕУ водат Црна Гора и Србија. Преговорите со Турција почнаа во 2005 година, во ист ден кога и со Хрватска, но ситуацијата е сега многу променета. Статус на каднидат имаат Албанија и Македонија кои чекаат „виза“ за отворање преговори на самитот на ЕУ во јуни, но, како што наведуваат бриселски извештаи, во моментов е сосема неизвесно дали тоа прашање и ќе се најде на дневниот ред.

Европската комисија е под притисок по тоа прашање и можно е да ги одложи своите извештаи за по европските избори и тоа прашање веројатно же се префрли на претседавањето на Финска.