Србија останува една од ретките земји во регионот која ќе остане надвор од НАТО, коментираат српските медиуми, откако Македонија денеска го потиша протоколот за членство.

Тие прашуваат дали Србија е во опасност од воената неутралност која ја има во својот устав и заложбите да не се приклучува во ниту еден воен сојуз.

Од државите кои не се членки на НАТО останува Босна и Херцеговина но и таму има НАТО војници и Косово во кое се наоѓа најголемата база Бондстил.

 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека останува на ставот Србија да не се приклучува на ниту еден воен сојуз.

Успеавме да одолееме на притисоците и да ја зачуваме својата политика на воена неутралност и добри односи со Русија. Сакаме да имаме своја војска која ќе го чува нашето небо и земја-истакна Вучиќ пред неколку денови.