Министерството за надворешни работи на Црна Гора (МНР) оцени дека мешањето на Србија во внатрешните работи на Црна Гора е аксиома која со децении е присутна во поголема или помала мера и дека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ бил и останал еден од „корифеите“ на таквата политика,

Според соопштението на црногорското МНР, како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ со изјавата за „лагите“ на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, уште еднаш го демонстрирал својот рафиниран дипломатски репертоар и „посветеноста“ на духот на добрососедство, соработка и унапредување на односите меѓу Србија и Црна Гора, но и меѓу земјите од Западен Балкан.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави вчера дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ продолжува да ги плаши црногорските граѓани со лаги за Србија и наводната големосрпска политика, обвинувајќи го Белград за мешање во внатрешните работи на таа земја.

Во соопштението објавено доцна синоќа, црногорското МНР наведува неколку примери за „немешање“ на Србија во внатрешните работи на Црна Гора.

-Закани и“ добронамерни „предупредувања за „братоубиствена војна во Црна Гора“, препораките дека за „уривање на Ѓукановиќ е потребно единство на сите други“, како и вжештената националистичка реторика со која г. Дачиќ ги повикаше граѓаните на Србија кои не мислат исто за Црна Гора, за нејзината политика и нејзината влада да им се „одземе српското државјанство“, само се помал и бениген извадок од широкиот спектар на изјави на српскиот министер за надворешни работи, се наведува во реакцијата.

Како што се додава, сличен, „можеби уште погротескен, но и изразено милитаристички тон, соодветен на едицијата на немешање на Србија“ во црногорските прашања, можеше да се слушне во изјавите на министерот за одбрана Александар Вулин.

-Кој исто така се обиде да влезе на територијата на Црна Гора во униформа како цивилен политичар! Кога тоа не му успеа, пристигна изјавата дека тој е придружуван од „српски генерали и српски полковници“, кои секогаш „ќе бидат со својот народ“. Изјавата на Вулин, дадена веднаш по парламентарните избори, дека „Црна Гора се вратила на себе, климата се сменила, ништо повеќе нема да биде исто“, потврдува, за жал, дека нема ништо ново во политиката на Белград кон Црна Гора, кога станува збор за нејзиното суверено право да одлучува за главните насоки на внатрешната и надворешната политика, се додава во соопштението.

Од таму наведуваат дека зад своите колеги не заостанува ниту министерот за здравство Златибор Лончар со уверувањата дека чини се што е можно за да се потиснат Црногорците од српскиот здравствен систем или со омаловажувањето на здравството во Црна Гора со изјавата дека „таму немаат ни лаборатории“.

„Покрај српските политичари, во кампањата „за немешање“ придонесоа и црковните великодостојници, па така, патријархот Иринеј, во присуство на претседателот Александар Вучиќ, изјави дека во Црна Гора се случуваат работи што „не постоеле ниту за време на Отоманската империја“, дека целта е „да се протера српскиот народ, како што тоа го правеа усташите во Хрватска“ и дека во „Црна Гора се создава „нова црногорска нација“,