Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Северна Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе се доставени во грчкиот Парламент и откако ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани.Надзорот ќе го вршат авиони Ф-16 и М-2000 од грчкото Воено воздухопловство.

Согласно доставените документи во грчкиот Парламент, процените се дека надзорот на нашиот воздушен простор од грчките воени авиони, Грција ќе ја чини 35.255 евра годишно за одржување, гориво, и слично, од кои 12.950 евра се за Ф-16, а 22.305 евра за М-2000.

Предлог законот за надзор на воздушниот простор е потпишан од министрите за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Трите предлог закони се и првите што доаѓаат во грчкиот Парламент по промената на власта во Грција.