Споменикот на Фрањо Туѓман во Загреб е гаѓан со јајца, во четвртокот вечерта, изјавија од загребската полиција. Освен дека истрагата е во тек и дека фрлените јајца врз споменикот ги воочила полицијата, други детали нема.

Ова е веќе трет инцидент во врска со споменикот, откако пред два месеци беше свечено откриен.

Активистот Зоран Ерцег во средата во судот во Загрев е условно осуден на 15 дена затвор заради нарушување на јавниот ред и мир за време на откривањето на споменикот во декември минатата година.

Полицијата во Загреб го уапси и Филип Драч под сомнеж дека во јануари на споменикот со црн спреј го нацртал комунистичкиот симбол срп и чекан, заради што кратко беше во притвор а против него е поднесена пријава.