Сопругата на црногорскиот претседател предизвика најголемо внимание за време на Генералното собрание на Обединетите нации. Лидија Ѓукановиќ, рака под рака со сопругот се појави дотерана од глава до петици со брендирана гардероба.

Таа на себе имаше Диор чанта која чини 4.100 долари. Сепак најголемо внимание предизвика белезицата на раката која е од мараката „Картиер“ која чини 22.700 долари.

Што би рекле соседите, „Се има се може“