Мухамед Адел, мигрант од Алжир раскажува низ што минал додека поминувал низ балканската рута, меѓу кои и во Македонија.

41 годишниот мигрант за „Radiosarajevo,ba“ вели дека полицијата во Хрватска е најсурова и ги третираат како животни.

Неколку пати се обидов од БИХ да влезам во Хрватска но безуспешно.Не фаќаат како животни по шумата. Еднаш ме претепаа, вторпат ми го скршија носот и ребрата. Ми го зедоа и мобилниот телефон и парите-открива Мухамед.

Тој вели дека без пари и мобилен исто како да не постоиш и дека во моментов е заглавен во Босна но надеж дека ќе успее да влезе во Хрватска а оттаму во Италија која е негова крајна цел.