Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека чека да завршат изборите во Косово за да се вклучи во решавањето на проблемите во дијалогот Белград-Приштина.

Тој ова го изјави синоќа на кратката средба со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави пред една недела во Берлин дека Германија и Франција се обидуваат да го покренат дијалогот меѓу Србија и Косово, како и да направат нешто за царините што Косово ги воведе на производи од Србија и БиХ.