Словенец (67) е уапсен затоа што со години гокриел телото на покојната мајка, наведувајќи дека е се уште жива за да ја прима нејзината пензија, соопшти извор близок до полицијата.

Полицајците се јавиле на роднини на жената која би имала 97 години. Тие рекле дека не можеле да јавидат и посетат и покрај постојаните барања до синот да дојдат во посета.

На крајот полицијата го нашла телото во станот на уапсениот во Љубљана. Се претпоставува дека жената починала пред неколку години, наведува полицијата, пренесуваат словенечките медиуми.

За сега не се утврдени точната причина и датумот на смртта. Некои медиуми пренесуваат дека жената починала пред шест години, а други дека последен пат е видена жива во 2011 година.

Уапсениот син, чие име не е соопштено, осомничен е дека ги лажел роднините велејќи дека неговата мајка не сака никого да види. Тој во меѓувреме го фалсификувал нејзиниот потпис и продолжил да ја прима нејзината пензија.