Бугарија денеска заедно со Романија е најсиромашната држава во ЕУ. Но, не само сега во Бугарија се живеело тешко и кога источниот сосед беше дел „од железната завеса“.

Во осумдесетите години во Бугарија се чекало во редици за леб и млеко, а имало недостаток и за основните животни намирници како зејтин и шекер.

Земјата живнала по падот на комунизмот и доаѓањето на Жељу Желев кој се обиде но не успеа да расчисти со остатоците од минатото.