Според податоците за првото тримесечје на цените на станови во Хрватска пораснале за 7,4 отсто, при што во Загреб дури 11,4 отсто.
Оние кои купиле нов стан во првата половина од годинава за квадратен метар во просек плаќале во 1.642 евра, што е за 12,1 отсто повеќе отколку во истиот период лани, пренесува Јутарњи лист.
Како што се наведува, за таквиот висок раст најзаслужно е Јадранското приморје, каде квадратен метар во просек чини за 20 отсто повеќе отколку минатата година.
Цената на становите во Црна Гора, во населбите Будва, Тиват или Котор може да се купат за 1.500 евра за квадрат. Според податоците на „Монстат“ во однос на лани оваа година цената на квадрат на новоградба во Црна Гора пораснала за 11,6 отсто.
Comments are closed for this post.