Во последно време младите на Балканот се почесто посегнуваат по Амфетамините и метамфетамините без да ги знаат штетните последици и опасносните по животот.

Употребата на амфетамини и метамфетамин може да предизвика зависност и физичка и психолошка а ако се користат на подолг рок може да се развие амфетаминова психоза – ментално растројство, кое наликува на параноидната шизофренија.


При употребата на амфетамини и метамфетамини многу брзо се развива толеранција (потреба од зголемување на количината за добивање на ист ефект).

Долгорочните ефекти од овие дроги севознемиреност, раздразливост, губење на тежината, анксиозност, параноја, агресивност, физичка исцрпеност, оштетување на бубрезите и црниот дроб.

Метамфетамините  може да се продава во форма на кристали а двата вида супстанции можат да се шмркаат, да се проголтаат или да се инјектираат.