Двата најпознати црногорски нарко кланови Шкаљарци и Кавачки иако се смртни непријатели, кога се работи за „бизнис“ знаат и да соработуваат. Таков „бизнис“ направиле во август минатата година кога се обиделе во брод да прошверцуваат дури 20 тони хашиш.

Да, добро прочитавте, 20 тони дрога.За овој случај италијанските власти водат истрага бидејќи во апсењето учествувале служби од повеќе земји.

Бродот на црногорските нарко кланови пловел под знаме на Панама а бил фатен во близина на Палермо.

Дрогата била скриена во резервоарите во кои имало 400.000 литри гориво за бродот.