Едно шестгодишно девојче е една од седумте туристи од Јужна Кореја кои загинаа во судирот на два брода на Дунав во Будимпешта. Како што соопштија од Министерство за надворешни работи, ниту еден од 32–та туристи на бродот не носеле елеци за спасување.

Официјални претставници во Сеул изјавиле дека до сега се спасени седум туристи, а 19 се водат како исчезнати. Дел од светските медиуми јавија дека бројката на луѓе по коишто се трага е 21 лице. На туристичкиот брод имало и двајца членови на екипаж од Унгарија.

Бродот на кој се наоѓале 33 патници и двајца членови на екипаж потона кај мостот Маргарет, по судир со поголем туристички брод, кој го удрил со крмата. Бродот прво почнал да се полни со вода, а потоа се превртел и потонал, додека во Будимпешта беснеела силна бура.

Локалните медиуми јавија дека остатоци од бродот Сирена се пронајдени во коритото на реката по неколку часа пребарување во близина на мостот Маргарет, еден од главните мостови кои ги поврзуваат двата дела на унгарскиот главен град.

Унгарските медиуми објавија видеоснимка од моментот на несреќата на Дунав. Моментот на трагедијата го снимила камера од покрив на хотел во близина на реката.