Со настап на Загребската филхармонија почна комеморацијата по повод смртта на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

Комеморацијата се одржа во Хрватското народно казалиште во Загреб на која присуствуваа семејството на Бандиќ, претставници нa градската управа, високи политички претставници, како и претставници на општествениот и културниот живот во земјата, пријатели и соработници, а Градоначалниците на Скопје, на Белград, на Сараево, на Љубљана, на Сплит претпладнево пристигнаа во хрватската престолнина, соопштија од канцеларијата на Град Загреб