Весли Кларк, пензиониран американски генерал кој беше врховен командант на европските сили на НАТО во Европа во времето на НАТО бомбардирањето на СРЈ во 1999 година, пристигна во Косово.

Тој најпрво се упати во зградата на Владата на Косово.Се очекува да се сретне со премиерот Албин Курти, како и со министрите за одбрана и за внатрешни работи, Арменд Мехаи и Јељал Свецљ.

Не се знае која е целта на посетата но најверојатно се работи за поддршка за косовските власти пред продолжувањето на преговорите со Србија.