Пред утрешниот митинг на обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, од каде најавија дека „тоа ќе биде крај на Владата на премиерот Еди Рама“, се огласи Американската амбасада во Тирана, која упати апел за воздржаност и искористување на демократското право на мирен протест.

Во апелот објавен на Фејсбук, Амбасадата наведува дека правото на мирни протести е основно демократско право и нагласува дека во текот на последните неколку месеци, повеќето од учесниците го искористиле своето право на мирен протест.

Меѓутоа, во време кога еден мирен протест е извалкан со чин на насилство, дури и од една личност, демократската цел на протестот е компромитирана. Нелегално и не демократски да има акти на насилство, вклучувајќи го и уништувањето на имот. Апелираме до сите лица вклучени во протестот в сабота, да се воздржат од насилство, за да обезбедат мирен и конструктивен протест, апелира Американската амбасада во Тирана.

🇦🇱️ | E drejta për t’u përfshirë në protesta paqësore është një e drejtë themelore demokratike. Përgjatë muajve të…

Posted by U.S. Embassy-Tirana on Friday, May 10, 2019

Во меѓувреме, лидерот на демократите, Љуљзим Баша, ги повика албанските граѓани на 11 мај „сите да се обединат и да ги отстранат корумпираните политичари, кои станаа побогати од шеиците ограбувајќи го богатството на Албанците и да се формира преодна влада, без изборниот касап, без Еди Рама како премиер“.

Од февруари, кога почнаа опозициските протестите, па до сега, одржани се девет митинзи, од кои шест пред Парламентот, а три пред албанската Владата и тоа на 13 февруари, 13 март и 13 април.