Со тоа што албанскиот јазик има статус на втор официјален јазик во Македонија, направен е голем чекор во албанско-македонските односи, изјави денес на заедничката прес – конференција албанскиот премиер Еди Рама. Во Тирана во официјална посета е премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Рама додаде дека сега е вистинското време за „владите на Албанија и на Северна Македонија да имаат повторно заедничка седница“.

Големо задоволство ми е што ве пречекувам по постигнувањето на Преспанскиот договор кој го отвори патот за членство во НАТО на Северна Македонија. Се радувам што Албанија беше една од првите земји кои го усвои протоколот со НАТО за членство на Северна Македонија. За нас таа е стратешка и земја сојузник“, додаде Рама.

Македонскиот премиер рече дека 2019 ќе биде важна година за двете земји, при што подвлече дека „дијалогот меѓу опозицијата и владите ќе ги отвори патот за напредок“.

Искуството ни покажува дека дијалогот меѓу власта и опозицијата го отвора патот за напредок на земјата. Тоа е начинот на кој сите земји на Балканот треба да го следат. Доаѓаме во Албанија како пријатели. Бев во опозиција пред 21 месец, но никогаш на земјите од ЕУ не им кажав дека сум против преговори со нив. Ние сме пријатели со Албанија и и посакуваме се најдобро на земјата. По средбата со премиерот Рама подготвени сме да ја зајакнеме соработката“, рече Заев на прес-конференцијата, пренесе Албаниан њуз.