Парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2021 година, никако порано.

Ова е одговорот на албанскиот премиер Еди Рама, со кој ги отфрли гласините дека може да ма предвремени избори по усвојувањето на изборните реформи и најавата на опозицијата дека се подготвува за предвремени парламентарни и локални избори на ист датум.

Изборите ќе бидат во 2021 година што се однесува до СП, дотогаш може да се случат многу нешта, но она што го знаеме денес, изборите ќе бидат во јуни 2021 година,одговори тој на новинарско прашање гостувајќи во телевизиска емисија.

Во врска со Скадар,каде новозбраниот градоначалник се откажа од функцијата со цел,за како што самиот изјави „како обичен граѓанин да ја докаже невиноста околу обвинувањата на опозицијата“, Рама рече дека „дефинитивно ќе има избори еден ден, но тоа е прашање кое треба да го решат институциите и оти не е прашање кое треба да го решава раководството на Социјалистичката партија.

Пред два дена ,на средба, зад затворени врати со лидерите на партиите од обеднетата опозиција, претседателот ан Демократската партија, Љуљзим Баша, зборувал за предвремени парламентарни и локлни избори на ист датум и побарал од нив да бидат подготвени за тоа.Тој најавил набрзо формирање изборни штабови.