Грција се посилно реагира за тоа што во Македонија продолжува да се користи сонцето од Вергина и за користење на зборот „македонски“ кога станува збор за трговските производи, пишува .iefimerida.gr.

Според грчките медиуми ова била главна тема на разговорот на последната средба помеѓу новиот грчки амбасадор, Димитриос Јаннанакис, со министерот за надворешни Никола Димитров.

Иако според Договорот од Преспа, требаше да се формира заедничка комисија која ќе треба да го регулира користењето на брендот „Македонија“, грчките власти отворено веќе реагираат за нашето користење на овој термин.