Албанскиот премиер, Еди Рама, во своето годишно обраќање говореше и за интеграцискиот процес на земјата, оценувајќи дека Албанија стана заложник во процесот по бугарското вето за Македонија, пренесува Алсат.

-Во евроинтеграцискиот процес работите се јасни и се наоѓаме во апсурдна ситуација поради ветото на Бугарија. Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Македонија. Нашите оценки во однос на овој процес растат, две важни компоненти се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем, особено Специјалното обвинителство, кое не е политички обвинител ниту на левицата, ниту на десницата, туку обвинител за борба против криминалот, рече Рама.