Протести и блиска средба со полицијата имашп вечерва во Солун. Инцидентите се случија во моменти кога се одржуваше настан во сеќавање на жртвите од Холокаустот, а на кој присуствуваше и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Повеќе од 400 демонстранти се обиделе да го пробијат полицискиот кордон. Тие извикуваа пароли протов Павлопулос од кога бараат да не го го потпише Преспанскиот договор.
Полицијата употребила солзавец и ги поделила демонстрантите во две групи, односно успешно ги разбила.
Меѓутоа нешто по 20 часот групата повторно се собрала и повторно гласно протестира.
Comments are closed for this post.