Принцот Алберт Втори од Монако денеска престојува во официјална посета на Србија, а домаќин ќе му биде претседателот Александар Вучиќ.

Како што беше соопштено од кабинетот на претседателот, предвидена е свечена церемонија на прием пред Палатата Србија во 11,15 часот, по што Вучиќ и принцот Алберт ќе имаат тет-а-тет средба.

Следуваат пленарни разговори меѓу делегациите на Србија и Кнежеството Монако, предводени од претседателот Вучиќ и принцот Алберт.