Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти дека му изрекува парична казна на европратеникот Ангел Џамбаски (Европски конзервативци и реформатори/ВМРО) заради гестот, што беше протолкуван како нацистички поздрав. Џамбаски има право на жалба на одлуката.

Мецола прецизира дека, според правилникот на ЕП, го лишува од надоместоци за трошоци за шест работни дена. Таа додаде дека делото за кое е обвинет го нарушува угледот и достоинството на институцијата.

Џамбаски за одлуката бил известен на 31 март.

Според чл.176 од правилникот за работа на ЕП, врз основа на кој е изречена казната, мерката се налага во случај на непочитување на нормите на однесување на европратениците.