Преселбата на операциите од истанбулскиот аеродром Ататурк на новиот мега аеродром во Истанбул ќе почне ноќеска и ќе трае 45 часа, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан.

Големата преселба ќе започен во 3 часот на 5 април, а ќе заврши во 11 и 59 часот на 6 април, рече министерот кој додаде дека сите летови на двата аеродроми ќе бидат стопирани во рок од 12 часа.

Последното полетување од Ататурк ќе се случи на 6 април во два часот по локално време. Летовите до  аеродромот Истанбул постепено ќе се зголемуваат по 14 часот на 6 април, соопшти Турхан.

Министерот истакна дека најмалку 300 авиони секојдневно полетуваат од аеродромот Ататурк, а минатата година тој опслужил 465.000 летови. 

Новиот аеродром се протега на површина од 76,5 милиони квадратни метри, а неговата изградба, според најавите, чини 10,25 милијарди евра. Официјално беше отворен на 29-ти октомври, на 95-годишнината од основањето на Република Турција