Надвор од контрола е пожарот кој денес во 11 часот избувна на Закинтос, Грција во реонот на селата Агалас и Кери, објавија грчки медиуми.

Според државната ТВ, два пожара се шират, а едниот зафатил хотел во кој биле сместени 120 туристи. Оштетен е покривот на хотелот.

Двете села се евакуирани навреме, јавија медиумите, а силни полициски сили ја контролираат зоната. Особено е драматична состојба околи селото Кери, а очевидци велат дека пожарот зафатил неколку периферни куќи, но тоа не е потврдено од пожарникарите.

Се очекува ноќта да биде особено драматична затоа што фронтот на пожарите се раширил на десет километри

Повеќе од 80 пожарникари се борат со огнената стихија, а поддршка е дојдена од Пелопонез и од Солун.