Заменикот претседател на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Давид Вадефул денес изјави дека Албанија не исполнила ниту еден услов поставен за неа уште на 26 јуни лани.
Во официјално соопштение по препораката на Европската комисија Албанија да почне преговори за членство, ЦДУ/ЦСУ реагираше жестоко за ситуацијата во земјата, истакнувајќи дека ниту една судска процедра не е поведена против политичар или криминалец кои учествувале во купување гласови.
„Една анализа покажа дека Албанија до сега не успеа да исполни ниту еден од наведените услови за почеток на преговори за членство како што тоа беше побарано на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 28 јуни 2018. Нема функционален судски систем. Нема Уставен суд, ниту, пак, Врховен суд. Не е формиранм ниту СПАК ниту Национално биро за разузнавање. Има мал или слаб напредок во борбата со корупцијата. Има многу малку случаи на казнети високи политичари за корупција“, се вели во соопштението.
Тој ги повика и власта и опозцијата да почнат безусловен дијалог со цел надминување на политичката криза во земјата.
Comments are closed for this post.