Партијата на македонското малцинство во Грција на Европските избори освои 6.300 гласови, потврдуваат за Пресинг Тв од Виножито.

Оттаму велат дека бројката е очекувана и реална и дека секои избори горе-долу ги добиваат истите гласови.

Како што објаснуваат од „Виножито“ тие се свесни дека е тешко во вакви услови во Грција да освојат европратеник бидејќи за тоа им се потребни околу 200.000 гласови односно три проценти од вкупниот број гласачи.

Според „Виножито“ не е важна бројката на освоените гласови туку со учеството да покажат на европската јавност дека македонското малцинство постои. Како споредба го даваат грчкото малцинство во Турција кое брои само 1.500, но Грција инсистира да се почитуваат нивните права.

Ако 1.500 Грци во Турција се малцинство, што се тогаш 6.000 Македонци во Грција-прашуваат во „Виножито.

Затоа, велат од „Виножито“ гласот на Македонците од Грција во Европскиот парламент треба да се слуша преку Европската EFA во која се членови.

За разлика од европските, „Виножито“ немаше свои кандидати за локалните и регионалните избори.