Популарниот мотоцикл „Томос“  оди во историјата. Мотоциклот кој беше препознатлив знак на осумдесеттите години оди во стечај.

Малата продажба и немањето план како ќе го издржи налетот од модерните мотоцикли ги принудија надлежните да прогласат стечај.На вработените им се должат плати и во најдобар случај ќе се бара нов партнер.

Словенечкиот „Томос“ во поранешна југославија беше синоним за превозно средство на две тркала кој секој можеше да си го дозволи.